Фудбалската федерација на Македонија на хепенинг пред Куќата на фудбалот и официјално го претстави новиот партнер. Се работи за компанијата „Новоматик Македонија“, а договорот е потпишан на две години и е со вредност од еден милион евра.
Пред подготвената забавна програма, пред присутните се обратија првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ и директорката на Новоматик за Македонија, Марија Митревска.

