Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар денеска и официјално доби нов и силен спонзор. Клупското раководство потпиша договор со компанијата Новоматик Македонија во траење од една година. Со потпишаниот договор, Новоматик се обврза во следните 12 месеци да вложи еден милион евра во ФК Вардар.
„Со финансиска програма од 1 милиони евра годишно Новоматик Македонија ќе го поткрепи Вардар во обидот да се врати на старите успешни патеки. Нашата амбиција не е да ја превземеме управата на клубот ќе имаме наш преставник. Вардар е симбол на најголемите македонски спортски успеси “, вели Марија Митреска, претставник на Новоматик.
Задоволен од потпишаниот договор е и претседателот на Вардар, Милорад Миленковски.
„Ова е за нас посебен момент. Свечен чин кој предизвикува многу емоција. Долго време го чекавме овој момент. Целиот наш труд за целиот период наиде на разбирање и многу сум горд затоа што вардар доби нова светла иднина. Ова е договор за главно спонзорство со Новоматик Македонија. Токму таков потстрек ни требаше и овој позитивен пример треба да го следат и останатите компании“, рече Миленковски.