Националната пливачка федерација на Македонија денеска на средба со новинарите ги промовираше новите членови на раководната гарнитура и воедно ја најави богатата програма на настани во наредниот период.
Првиот човек на пливањето, Горан Стојановски, откако потврди дека федерацијата ги има сите дозволи за работа од страна на МОК, АМС и ФИНА, објави дека нашите легендарни маратонци, Томи Стефановски и Евгени Поп Ацев, заедно со Наташа Мешковска и Васил Велков, ќе бидат вклучени во дел од телата на Националната пливачка федерација.
Стојановски потенцираше дека ќе се разговара интензивно со АМС да се добие така наречениот „ваучер“, за да може дел од средствата да се искористат за подготовка на нашите репрезентативци за големите меѓународни настани.