Играчот од средниот ред на Арсенал, Нони Мадуеке заработи повреда и ќе отсуствува од теренот околу два месеци.
23-годишникот го започна натпреварот од Премиер лигата против Манчестер Сити во недела попладне, но беше принуден да излезе на полувремето, заменет од Букајо Сака, поради проблем со коленото.
Микел Артета објасни по натпреварот дека почнал да чувствува непријатност на почетокот на натпреварот.
Според „Атлетик“, тој ќе отсуствува околу два месеци. Ова е најновата во низата повреди за тимот на Микел Артета што ја мачат неговата напаѓачка линија.
Каи Хаверц е исто така е на рехабилитација откако беше подложен на операција на коленото во август. Габриел Жезус сè уште не се вратил откако ги скина вкрстените лигаменти на коленото во јануари.
Мартин Одегард исто така недостасува за „топџиите“ откако се мачеше со повреда на рамото во првите недели од сезоната.

