Холандскиот напаѓач Коди Гакпо проговори за неговата претстојна работа со тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Претходно англискиот клуб го потврди трансферот на напаѓачот.
„Навистина сум возбуден што ќе бидам дел од овој клуб. Секогаш го гледав на телевизија и читав некои вести за стилот на игра и каква личност е тренерот Клоп. Со нетрпение го очекувам моментот кога ќе почнам да соработувам со тренерот“, беа зборовите Гакпо за официјалниот сајт на Ливерпул.
Според новинарите, Ливерпул ќе платат нешто повеќе од 42 милиони евра за играчот, а земајќи ги предвид бонусите оваа сума може да порасне до 50 милиони евра. Договорот ќе биде со важност до 2028 година. Во новиот клуб фудбалерот ќе го носи дресот со број 18.