Фудбалерот, Матеус Нуњес, денеска потпиша договор со шампионот на Англија и на Европа, Манчестер Сити.
„Граѓаните“ за неговиот ангажман допрва ќе му платат на Вулверхемптон големи 55 милиони евра. Интересно е дека 25-годишниот фудбалер влезе во професионалните води пред само четири години кога го облече дресот на португалскиот Спортинг Лисабон.
Нуњес на „Етихад“ треба да биде замена за Де Бруин кој има потешка повреда и ќе оди на подолг процес на рехабилитација.