Претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски денеска оствари средба со Магомедгаџи Нуров кој со освоениот бронзен медал на Светското првенство во борење обезбеди и олимписка виза за Игрите во Токио во 2020 година.
На средбата во МОК, Тупурковски го потенцираше значењето на успехот додека македонскиот репрезентативец откако се заблагодари на довербата и помошта што ја добиваше од МОК, нагласи, дека планира силни подготвки кои треба да го однесат до висок спортски резултат на ЛОИ ТОКИО 2020.
Неговиот личен тренер Могамед, Ибрагимов, се заблагодари на МОК за целата досегашна поддршка и изрази надеж дека Нуров ќе оствари забележителен настап на претстојните Летни олимписки игри. МОК годинава треба да го потврди учество на Нуров на Олимписките игри Токио 2020 и тоа најдоцна до 9 Октомври.