Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров ќе се бори за златото на Медитеранските Игри во категорија до 97 килограми откако во полу-финалето го совлада Елдерс Мустафа од Египет со 6 спрема 1.
Нашиот борач претходно оствари три победи против Магомедгаџи Мохамед Саадаоуи (Тунис), Мохамед Фарџ (Алжир) и Алехандро Канада Панкорбо (Шпанија).
Нуров утре од 19.30 во финалето ќе се бори со Фејзулај Ахтук од Турција.

