Најдобрите македонски борачи Магомедгаджи Нуров и Владимир Егоров, Олимписките стипендити на МОК, ќе се борат за медал на Медитеранските игри!
Владимир Егоров преку репасаж ќе се бори против Абделхак Хербаче од Алжир во 19:20 часот (по македонско време) за бронзен медал на Медитеранските игри.
Денес во 20:30 часот, Магомедгаджи Нуров ќе се бори против Фејзула Актурк од Турција во борба за за златниот медал на Медитеранските игри ОРАН 2022, со што Нуров би го одбранил златото од МИ Тарагона 2018.