Фудбалерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, откри дека поминал неколку дена во болница откако се заразил со маларија додека имал активности со репрезентацијата на Габон.
Тој по враќањето во Англија одигра два меча против Ливерпул во Премиер лигата и против Славија Прага во првиот натпревар од четвртфиналето во Лига Европа.
-Од ден на ден се чувствувам подобро благодарение на одличните лекари кои брзо го открија и лекуваа вирусот – напишал Обамејанг на неговиот профил на „Инстаграм“.

