Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Објавени казните за Квадрадо, Хандановиќ и Лукаку
    Фудбал

    Објавени казните за Квадрадо, Хандановиќ и Лукаку

    risteBy riste06/04/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Дисциплинската комисија на Серија А ги објави казните за тројцата исклучени играчи во првото полуфинале од Купот на Италија помеѓу Јувентус и Интер, кое заврши 1:1. Станува збор за Хуан Куадрадо од тимот на Јувентус, како и Ромелу Лукаку и Самир Хандановиќ од тимот на Интер.

    Очекувано најголемата санкција е за Куадрадо, која изнесува суспензија за настап на три натпревари, како и парична казна од 10 000 евра. Тој ќе пропушти два натпревари поради директниот црвен картон што го доби по расправијата со Хандановиќ и ударот што му го нанесе на противничкиот голман, а третиот меч од суспензијата е поради акумулираните жолти картони. Хандановиќ исто така беше исклучен со директен црвен картон поради ударот против Куадрадо, но доби казна од еден натпревар и парична казна од 10.000 евра.

    Од друга страна, Лукаку е суспендиран само за реваншот против Јувентус бидејќи неговиот црвен картон беше резултат на две жолти. Како што е познато, вториот жолт картон дојде по провокативен гест на напаѓачот кон противничките навивачи. Во меѓувреме, Јувентус беше казнет и со делумно затворен јужен сектор за еден натпревар. Сепак, оваа санкција ќе важи во Серија А лигата за домашниот натпревар против Наполи на 23 април. Првото ниво на јужната трибина на стадионот Алијанц потоа ќе биде затворено поради навивачите кои расистички скандирале кон Лукаку што ја поттикна реакцијата на играчот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Милионерите“ го сакаат потписот на Гундоган

    05/06/2023

    „Сините“ купија голем талент од Парагвај

    05/06/2023

    Абрахам има тешка повреда

    05/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • „Милионерите“ го сакаат потписот на Гундоган
    • „Сините“ купија голем талент од Парагвај
    • Абрахам има тешка повреда
    • Албанецот си замина од Рим
    • Атанасов најмлад тренер кој ја освоил титулата, Дамјан славеше по осмипат
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.