„Франс Фудбал“ ги објави имињата на десетте млади играчи кои ќе бидат во комбинација да го добијат т.н „Трофеј Копа“, кој се доделува на најдобриот фудбалер до 21 година. Наградата е именувана по легендарниот француски фудбалер Рејмо Копа и се доделува од 2018 година. Претходни победници беа Килијан Мбапе (2018) и Матијас де Лихт (2019).
Номинирани за 2021 година се: Мејсон Гринвуд (Англија, Манчестер Јунајтед), Букајо Сака (Англија, Арсенал), Педри (Шпанија, Барселона), Жереми Доку (Белгија, Рен), Рајан Гравенберг (Холандија, Ајакс), Џамаил Мусиала (Германија, Баерн Минхен), Флоријан Вирц (Германија, Баер Леверкузен), Џуд Белингем (Англија, Борусија Дортмунд), Џовани Реина (САД, Борусија Дортмунд), Нуно Мендеш (Португалија, ПСЖ).
— Jeremy Doku (@JeremyDoku) October 8, 2021
Вреди да се одбележи дека Англија има најмногу претставници меѓу номинираните. Три таленти на Англија ќе се натпреваруваат за наградата. Германија е претставена со двајца млади играчи, а Шпанија, Португалија, Белгија, Холандија и САД имаат по еден талент во оваа престижна група.
Наградата ќе биде доделена на церемонија на 29 ноември.