Одборот за доделување на државната награда „8-ми септември“ денеска ги објави имињата на добитниците на годинешните признанија. Четирите признанија предвидени за посебни остварувања во спортот меѓу спортистите, тренерите и спортските работници ќе им припаднат на Ристо Таков, Сашко Арсовски, Владимир Радиќ и Стеван Гешовски.
Наградата за животно дело оваа година оди во рацете на Таки Џиков.
На прес-конференцијата членовите на одборот и првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, директорот Дарко Каевски, истакнаа дека годинава конкуренцијата била голема, но успеале да направат адекватен избор за носителите на високите државни признанија, кои ќе им бидат врачени на добитниците в сабота.