Атлетико Мадрид денеска ќе гостува кај Манчестер Јунајтед во реванш-средбата од елиминациската фаза во Лигата на шампионите.
Пред мечот на „Олд Трафорд“, англиските медиуми изненадувачки објавија дека голманот на шпанскиот состав, Јан Облак, би можел во текот на летото да се пресели во Њукасл.
Според изворот, интернационалецот од Словенија ги започнал последните 1,5 години од договорот со „јорганџиите“ и клубот би сакал да заработи од неговата продажба.