Голманот на фудбалскиот состав Атлетико Мадрид, Јан Облак, пред почетокот на сезоната не сакаше да направи трансфер во Англија бидејќи веруваше дека проектот на клубот од „ Ванда Метрополитано“ ќе му донесе успех во наредниот период.
„Летото решив да останам да освојувам трофеи, се надевам дека ќе ја осовиме и Лигата на шампионите”, рече словенечкиот чувар во интервју за – „FourFourTwo“.
„Сé е можно во иднина. Јануари е тука, доаѓа јули. Работите можат многу брзо да се променат… Премиер лигата е интересна можност. Може ќе одам таму, но, не знам дали тоа ќе се случи по една година, две, пет или десет ” – изјави голманот на шпанскиот состав.
