Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, по вчерашното реми на теренот на Валенсија во рамките на Примера Дивизион, несвесно го потврди трансферот на Фелипе Луис во редовите на ПСЖ.
Деновите се појавија многу шпекулации дека екипата од „Паркот на принцовите“, испратила примамлива понуда до челниците на шпанскиот тим за услугите на бразилскиот репрезентативец.
„Навистина е многу тажно, но, таков е фудбалот. Му се појави добра можност и треба да се почитува одлуката на секој играч“ – истакна Облак за „Беин Спортс“ со што откри дека дефанзивниот фудбалер на „јорганџиите“ е пред трансфер во Франција.