Оле Гунар Солскјер доби перменантен договор од Манчестер Јунајтед и ќе остане на клупата на „црвените ѓаволи“ во наредните три години. Тој откако дојде на „Олд Трафорд“ стана првиот менаџер кој победил на првите шест натпревари со што го собори рекордот на легендарниот сер Мат Бејзби.
„Од првиот момент се чувствувам како дома. Ми беше чест да бидам играч на Манчестер Јунајтед а сега сум уште посреќен бидејќи можам да го водам тимот“ – потенцираше Норвежанецот.
Солскјер по заминувањето на Мурињо го препороди тимот на „црвените ѓаволи“ и успеа да направи фантатсична серија на резултати вклучувајќи ја и елиминацијата на ПСЖ во Лигата на шампионите.