Голманот на мексиканската фудбалска репрезентација, Гиљермо Очоа, беше најзаслужен за освоениот бод против Полска откако во 58 минута му одбрани пенал на Роберт Левандовски.
„Со тренерот на голманите работевме изминативе две недели. Среќен сум што го одбранив пеналот на Роберт Левандовски и што не примивме гол. Знаеме колку нашите фанови ни даваат поддршка“ – вели Очоа.
Мексико во втората рунда на 26 ноември ќе игра со Аргентина додека Полска ќе излезе на мегдан со Саудиска Арабија.