Италијанскиот фудбалски состав, Салернитана, денеска ќе потпише договор со славниот мексикански голман, Гилермо Очоа.
Тој треба да пристигне на „Чизмата“ за да ги реализира лекарските прегледи и да го парафира договроот до крајот на сезоната. Неговиот договор со Клуб Америка истекува на 31 декември.
Очоа прв пат ќе биде дел од Серија А. Претходно има брането во Франција и во Шпанија.