Една од легендите, а воедно и член на раководството на Баерн (Минхен), Карл-Хајнц Румениге коментираше за гласините за престојна разделба со Матс Хумелс.
Дефанзивецот доста често од почетокот на сезоната завршува на клупата и не е задоволен од тој факт, а интерес кон него од други клубови не недостасува.
„Пред неколку дена разговаравме со Матс. Тој ќе остане во Баерн и на пролет”, изјави Румениге.
„Хумелс се чувствува среќен во Минхен. Се разбира, кога не играш на секој натпревар, почнуваат шпекулациите. Матс побара да разговараме за ситуацијата и го направивме тоа. Мислам дека дојдовме до разбирање“, додаде спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
Но весникот „Билд“ пишува дека овој играч може да ја продолжи својата кариера во Англија. Весникот тврди дека неговиот агент бил во Лондон, за да се запознае со интересот кон својот клиент од страна на Челзи и Тотенхем.