Германскиот тим Борусија Дортмунд ја отфрли можноста за продажба на Џејдон Санчо по крајот на сезоната.
19-годишниот крилен напаѓач има извонредна сезона во дресот на „жолто-црните”, а воедно има договор со Борусија до летото 2022 година. Во последните денови се појавија различни информации дека Борусија Дортмунд веќе има понуди од страна на многу клубови во Европа за правата на англискиот репрезентативец.
„Секој знае дека Џејдон ќе остане кај нас и следната сезона. Нема поставена цена за него и никој не прашал за тоа”, изјави Ханс-Јоаким Ватцке, извршниот директор на Борусија Дортмунд.
Тој ги негираше гласините дека Манчестер Сити може да добие процент од можна продажба на Санчо. „Никогаш не дававме детали од договорот на нашиот играч“, рече Вацке.
Борусија Дортмунд е на прво место во Бундеслига, а утре гостува кај шампионот Баерн (Минхен). Дербито на „Алијанц Арена“ започнува во 18:30 часот.