Од денеска до сабота, Скопје и Македонија се домаќини и организатори на 50. Јубилејно издание на „Златниот Гонг 2021“. Оваа година на престижната боксерска манифестација ќе учествуваат боксери од 14 земји, вклучувајќи ја и Македонија.
Во повеќе тежонски категории на турнирот ќе настапат над 60 боксери. Македонија ќе ја преставуваат седум боксери и тоа: Ардијан Џемаили (54 кг), Оран јашаровски (57 кг), Јасин Љама (60 кг), Дион Лена (63,5 кг), Ферид Хоџа (71 кг), Лео Јовановски (75 кг) и Арсим Етеми 80 кг.
Натпреварите ќе се одржуваат во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“.