Потпретседателот на турскиот Галатасарај, Ибрахим Хатипоглу, инсистираше на тоа дека напаѓачот Виктор Осимен нема да го напушти клубот во јануари, и покрај информациите во Италија дека Јувентус е заинтересиран за фудбалерот, кој игра за гигантот од Истанбул како позајмен од Наполи.
Осимен дојде во Галатасарај летото со едногодишен договор. Тој веќе забележа две асистенции во два првенствени натпревари, вклучително и против Фенербахче предводен од Жозе Мурињо во саботата.
Галатасарај ќе му плати на Виктор Осимен 6 милиони евра за сезоната 2024/2025, а ослободителната клаузула во неговиот договор со Наполи е намалена на 75 милиони евра од 130 милиони кои беа до сега.
Нигерискиот репрезентативец потпиша едногодишно продолжување на договорот пред да се пресели во Галатасарај на почетокот на овој месец. Неговиот импресивен старт со тимот од Истанбул ги подгреаа трансфер шпекулациите дека тој би можел да го напушти Галатасарај веќе во јануари, но Хатипоглу ја отфрли таквата опција.

