Раководството на клубот од МЛС лигата Интер Мајами не се сретнал со Хорхе Меси, таткото на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, во врска со евентуалниот трансфер на неговиот син во американскиот тим.
Овој клуб кој е во сопственост на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и ЛА Галакси, Дејвид Бекам.
Претходно беше објавено дека Бекам го испратил спортскиот директор на Интер Мајами во Лондон да преговара со таткото на Лионел Меси.
На 29 јануари 2018 година, кога Интер беше официјално вклучен во членството во МЛС лигата , Меси му испратил видео-порака на Бекам, а на крајот на истата тој најавил интерес за играње во американскиот клуб: „Кој знае, можеби за неколку години ќе ме повикате“ рекол Меси. Интер Мајами ќе започне со настап во МЛС лигата од 2020 година.