Стручниот штаб на Јувентус и раководството на оваа екипа внимателно ги следат перформансите на дефанзивниот играч на Ајакс Матијас де Лихт, но за време на натпреварот помеѓу двата тима вечерва во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе направат посебна анализа.
Причината за тоа е што „бјанконерите“ сериозно ја разгледуваат можноста да го привлечат овој фудбалер во своите редови иако играчот повеќе сака да ја продолжи кариерата со трансфер во Барселона, пишува „Ел Мундо Депортиво“.