Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Од Лион се сигурни во останувањето на Набил Фекир
    Фудбал

    Од Лион се сигурни во останувањето на Набил Фекир

    risteBy riste13/08/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Набил Фекир речиси сигурно ќе остане во Лион за претстојната сезона, објави претседателот на клубот Жан-Мишел Ола.

    Фудбалерот беше сериозно поврзуван за преминување во Ливерпул, но не успеа на медицинските прегледо. Се зборуваше дека Реал Мадрид исто така го сака овој играч, но до таков договор не дојде.

    Трансфер периодот во Шпанија и Италија останува отворен, додека тој во Англија веќе е затворен, но првиот човек на Лион ги увери навивачите дека Фекир останува.

    „Сите играчи сакаат да преминат во поголеми клубови, што е разбирливо. Нашето однесување кон Набил сепак, ќе биде исто како што беше и кон неговите поранешни соиграчи”, изјави Ола пред клупскиот телевизиски канал.

    „Се разбира ќе треба да почекаме до крајот на трансфер периодот, но можам да кажам дека веројатноста тој да остане кај нас е 95%. Навивачите го сакаат, а и Лион е одличен фудбалски град”, додаде Жан-Мишел Ола.

    Фекир го пропушти мечот и победата над Амиен вчера, бидејќи подоцна се вклучи на екипата, но пред дуелот беше дел од свеченоста каде го покажа освоениот медал од СП во Русија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.