Манчестер Јунајтед може да го продолжи интересот за крилото на Борусија (Дортмунд) Џејдон Санчо по завршувањето на сезоната, тврди „Еуроспорт“.
„Црвените ѓаволи“ не успеаја да го купат англискиот репрезентативец минатото лето, откако не се договорија со Борусија Дортмунд за цената на играчот. Тогаш Борусија побара да добие 100 милиони фунти за него, но Британците не беа подготвени да платат таква сума.
Сепак, од „Олд Трафорд“ не се откажа целосно од идејата за привлекување на Санчо и се очекува да направат нов обид ова лето. Неодамна се појавија информации дека 21-годишниот фудбалер има желба да се врати во Англија и ова може да им помогне на „црвените ѓаволи“ во преговорите.
Во оваа фаза, сепак, двете страни сè уште имаат сериозни несогласувања околу цената на Санчо. Манчестер јунајтед планира да понуди 60 милиони фунти за неговите права, додека Борусија не сака сериозно да ја намали сумата што ја бараа минатото лето.
Санчо е на „Сигнал Идуна Парк“ од 2017 година, кога беше привлечен од Манчестер Сити за 6,7 милиони фунти. За овој период тој има 43 голови и 60 асистенции за германскиот клуб.

