Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година одигра само нерешено, 3:3 на дуелот со Ерменија во продолжението од квалификациите за ЕП.
Иако на минута пред крајот водевме со 3:1, на крајот Ерменците успеаја да стигнат до реми постигнувајќи два гола за само 3 минути. Отворивме со одличен погодок на Јани Атанасов во 26. минута и на пауза заминавме со водство од 1:0. Следуваше пенал на стартот на вториот дел за гостите кои преку Аветисјан израмнија на 1:1, за ние повторно да поведеме, исто така од пенал, со голот на Здравковски во 73. минута. Кога се чинеше дека третиот гол за нас кој го постигна Чурлинов во 89. минута ќе биде потврда на победата, Амановиќ само нимута подоцна постигна автогол за 3:2, а во судиското продолжение Аветисјан со вториот гол успеа на Ерменија да и донесе израмнување за 3:3.
Македонија досега во групата има 4 освоени бодови и единствено е подобра од Гибралтар.