Македонската одбојкарска репрезентација доби ден за одмор по пријателските натпревари во Кавадарци. Победа над Израел со пресврт и два пораза од Јапонија во пет сета и од Израелците во втората контрола се билансот пред враќањето во Скопје и планираниот настап на Меморијалниот турнир „Чајка“ од петок до недела.
За избраниците на селекторот Миленкоски ќе има уште три сериозни контролни дуели со селекциите на Египет, Грција и Јапонија кои ќе бидат учесници на турнирот.