Македонските одбојкари ќе бидат во групата „ Б“ во новата сезона во сребрената европска лига. Нивни противници ќе бидат: Романија, Албанија и Босна и Херцеговина.
Првиот меч ќе го одиграме на 25 мај на домашен терен против Босна и Херцеговина. Еве го распоредот за наредните кола: 2 коло: Романија – Македонија (28/29 мај), 3 коло: Македонија – Албанија (1 јуни), 4 коло: Албанија – Македонија (4/5 јуни), 5 коло: Македонија – Романија (8 јуни) 6 коло: Босна и Херцеговина – Македонија (11/12 јуни).
Победникот од групата ќе оди во елиминациите додека вториот ќе мора да го чека распоредот во групата „А“. Завршниот турнир ќе биде во Унгарија на 18 и 19 јуни.