Нашите најдобри одбојкари добија тешка група на Европското првенство кое ќе се реализира од 12 до 29 септември во Франција, Белгија, Словенија и Холандија.
Македонија ќе игра во Групата Ц заедно со Словенија, актуелниот европски шампион Русија, Финска, Турција и Белорусија. Еве ги и другите групи. Група А: Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција, Романија. Група Б: Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија, Австрија. Група Д: Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Украина, Црна Гора.
Континенталниот собир за прв пат ќе се реализира со учество на 24 селекции и во четири земји.