Македонската машка одбојкарска репрезентација ја совлада селекцијата на Азербејџан со 3-0 по сетови (25:17, 25:17 и 25:18) и ги освои првите бодови во Европоската златна лига.
На вториот турнир кој се реализира викендов во Белгија, нашите репрезентативци беа супериорни во секој сегемнт од играта и сосема заслужено се израдуваа на максимален триум.
Во нашиот тим Никола Ѓорѓиев и Филип Савовски обезбедија по 15 поени. Утре во 4 коло не чека мечот со домаќинот, Белгија.

