Наша машка одбојкарска репрезентација утре ќе стартува со подготовките за настапот во ЦЕВ Златната Европска лига 2025. Селекторот, Јошко Миленкоски, повика 16 репрезентативци а на првата прозивка ќе недостасува само Михајло Мирасчиев.
Одбојкарите една недела ќе тренираат во салата „Парк“ во Струмица а потоа ќе заминат за Марибор. Таму на 24 и 25 мај ќе одиграат пријателски двомеч со селекцијата на Хрватска. Во годинешново издание на ЦЕВ Златната Европска лига покрај Македонија ќе се натпреваруваат и Чешка, Португалија, Романија, Финска, Хрватска, Грција, Шпанија, Летонија, Словачка, Црна Гора и Израел.
Нашава земја ќе биде домаќин на еден од трите турнири и тоа од 20 до 22 јуни во салата „Парк“ во Струмица.

