Одбојкарската репрезентација на Македонија пропушти голема шанса да се врати од Романија со цел плен и да освоои нови бодови во групата А од Европската сребрена лига.
На гостувањето во Галаци, Македонија губеше со 2:0, но успеа да се врати и да израмни на 2:2, но не и да победи на оваа средба. Романија сепак го доби последниот петти сет и славеше со 3:2.
Откако Романија ги доби првите два сета со 25:22 и 25:17, Македонија возврати со добра игра во треттиот и четвртиот сет кои ги доби со 25:23 и 25:19. Со тоа нашите одбојкари се изборија за петти сет во кој има предност од 8:6, но сепак Романија успеа да напрваи пресврт и да слави со 15:13.
Следен противник на нашите одбојкари е селекцијата на Албанија, натпревар кој се игра во Скопје на први јуни.

