Македонскиот одбојкарски првак, Струмица, вечерва од 19 часот го започнува настапот во квалификациската група за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите. Струмичани се во Бургас, каде на отворањето ќе се сретнат со домаќинот и фаворит на турнирот, Нефтохимик.
Покрај екипите на Струмица и Нефтохимик, во групата се и Фино Капошвар од Унгарија и Будва од Црна Гора. Струмица ќе се обиде да освои едно од првите две места кои водат во следната квалификациска фаза.

