Македонските одбојкари ги одбработуваат првите тренинзи од подготовките за настапот на Европското првенство кон крајот на август и на почетокот на септември во Скопје. На списокот на селекторот Јошко Миленкоски се 19 репрезентативци, кои ќе бидат во овој состав до првите контролни натпревари против Романија во Скопје. Тогаш Миленкоски ќе го скрати списокот на 16 одбојкари кои ќе останат во селекцијата до ЕП.
Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Давид Стојанов
Коректори: Никола Ѓорѓиев, Стефан Алексов
Примачи: Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Ангел Бошковски, Тоше Ефремов
Либера: Дарко Ангеловски, Костадин Ричлиев, Васе Михаилов
Средни блокери: Филип Маџунков, Филип Савовски, Филип Лепидовски, Иван Андонов, Славе Наков
Контролни натпревари за ЕП 2023
04-ти август (Скопје): МАКЕДОНИЈА – Романија
05-ти август (Скопје): МАКЕДОНИЈА – Романија
06-ти август (Скопје): МАКЕДОНИЈА – Романија
10-ти август (Кавадарци): МАКЕДОНИЈА – Израел
12-ти август (Кавадарци): МАКЕДОНИЈА – Јапонија
13-ти август (Кавадарци): МАКЕДОНИЈА – Израел
15-ти август (Скопје): МАКЕДОНИЈА – Јапонија
16-ти август (Скопје): МАКЕДОНИЈА – Јапонија
18-20 август (Скопје), турнир „Чајка“: МАКЕДОНИЈА, Грција, Египет, Јапонија