Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби во првиот меч од Европската Златна лига на гостувањето во Лоѓ од селекцијата на Украина. Фаворитот славеше со 3-0 (25-21, 25-22, 25-11) во меч во кој нашите одбојкари никако не успеваа да фатат приклучок.
Во првите два сета одигравме солидно, се држевме до самиот крај, но Украина беше сигурна и не дозволи изненадување. Во третиот сет комплетно паднавме во играта и домашните тоа го искористија за голема предност.
Репрезентацијата на Македонија можност за поправен ќе има веќе в среда кога во Скопје ќе гостува селекцијата на Белгија. Натпреварот ќе се одигра во СЦ Борис Трајковски со почеток во 20:15 часот.