Нашите најдобри одбојкари денеска против Летонија од 20.15 часот на домашен терен во СРЦ Кале, ќе го одиграат натпреварот од 5. коло во групната фаза на Европската сребрена лига под капата на ЦЕВ.
Македонија по четири одиграни натпревари има само една победа против аутсајдерот Косово а загуби двапати од Австрија и еднаш на гостувањето кај Летонија. Токму Летонците и Австријците со 12 бодови ги имаат првите две места во групата „А“, Македонија има 3 бода а Косово е на последното место без бод.
Нашата селекција без разлика на освоеното место во групата, ќе биде домаќин на завршниот турнир што значи има директен пласман во решавачките битки за титулата.