Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20.15 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ги започнува настапите во новото издание на Европската сребрена лига. Во првиот меч на домашен терен ја пречекуваме селекцијата на Босна и Херцеговина.
Нашите одбојкари имаа добри подготовки во Маврово, одиграа два контролни меча со Албанија и подготвени го дочекуваат дуелот денеска.
„Искрено, не ја познаваме многу селекцијата на Босна. Имаат два нови примачи, ново либеро и два нови средни блокери. Се надеваме и ќе играме за победа. Не би кажал дека сме фаворити, но ќе се бориме за секоја топка. Ќе го дадеме максимумот за да ја израдуваме македонската публика и да ја отвориме оваа Европска сребрена лига со победа“, вели капитенот Никола Ѓоржиев.