Одбојкарската репрезентација на Македонија денес го игра финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига, што се игра во салата „Парк“ во Струмица, а противник за златниот медал ќе и биде Данска.
Македонија беше подобра во првото полуфинале од Хрватска со 3:2, додека Данска синоќа во вториот полуфинален натпревар ја совлада Унгарија со 3:1.
Финалниот натпревар за златниот медал се игра вечер во Струмица со почеток во 20 часот, а претходно од 17 часот во борбата за бронзениот медал ќе се сретнат репрезентациите на Унгарија и Хрватска.
Нашите одбојкари и вечерва ќе ја имаат поддршката од публиката која според протоколите во ограничен број е присутна во салата „Парк“ во Струмица.

