Македонската машка одбојкарска репрезентација, по вчерашниот очекуван пораз од најдобрата селекција на Србија, денеска ќе игра со Б-тимот на нашиот северен сосед.
Мечот ќе биде во Велико Градиште. Потоа одбојкарите тие ќе се вратат во Струмица за да ги одработат завршните тренинзи пред шестиот настап во Европската сребрена лига. Првиот турнир е од 21 до 23 мај во салата „Парк“ а македонскиот состав ќе игра со Данска, Кипар и со Израел.
Без разлика на ефектот во групата, ние ќе бидеме дел од завршницата бидејќи ќе ја имаме улогата на домаќини.

