Нашите најдобри одбојкари со победа го отворија новиот циклус на квалификации за место на ЕП во 2019 година кое ќе биде реализирано во Франција, Холандија, Белгија и Словенија.
Македонија успеа да победи со минимални 3 спрема 2 на теренот на Унгарците иако имаше предност од 2-0. Првите два сета ги добивме со 25 спрема 23, но, домаќинот токму со тој резултат успеа да слави во наредните два и да дојде до изедначување. Во решавачкиот сет по голема борба нашите репрезентативци дојдоа до победа од 16:14 а со тоа и до првите бодови во групата „Ф“. Во вториот дуел во нашата група селекцијата на Украина ја совлада Швајцарија со убедливи 3 спрема 0.
Македонија в сабота ќе ја пречека Украина а четири денови подоцна и селекцијата на Швајцарија . Августовскиот циклус ќе го затвориме со гостувањето под Алпите на 28 август.