Машката одбојкарска репрезентација на Македонија која се подготвува за дебитантскиот настап на ЕП во месец септември ќе учествува на традиционалниот меѓународниот меморијален турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“, кој се одржува по 43-ти пат, а за првпат во својата историја ќе се одржи во Скопје, поточно во салата во Градски парк на 30 и 31 август.
Нашите одбојкари ќе ја пречекаат Украина во првиот термин од 17.30 часот, додека во второто полуфинале кое е предвидено за 20:15 часот, Бугарија ќе игра со Белгија. Ден подоцна, односно на 31 август (сабота) мечот за третото место ќе се игра во 17.30 часот, додека финалето е закажано за 20:15 часот.
„Драго ми е што ние како Агенција како минатата , така и оваа година финансиски целосно го подржуваме овој турнир, а со тоа не само што го помагаме овој настан туку и одбојката воопшто. Покажуваме дека сакаме да ја подржиме одбојката која сакаме да биде еден од најупсешните спортови во нашата земја. Сакам од мое лично име да се заблагодарам на луѓето од Одбојкарската федерација за сето она што го направија и прават за одбојката, но исто така и на одбјкарите кои покажаа дека и одбојката може да биде на едно високо ниво, посакувам да продолжиме понатаму, да не застануваме овде туку заеднички да работиме сето тоа да оди нагоре со зголемување на квалитетот“ истакна Дарко Каевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт на РМ.