Македонската одбојкарска репрезентација во машка конкуренција со два порази го заврши настапот на Медитеранските Игри во Оран. По вчерашниот пораз со 3:0 од Египет, денеска нашите одбојкари со истиот резултат беа поразени и од Италија.
Со два порази како третопласирани во групата „А“ го завршуваме настапот на овие МИ. Денеска сцвој настап ќе имаат и дамите, кои исто така претрпеа два порази на стартот. Во последниот меч од групната фаза тие се среќаваат со Грција.