Одбојкарската репрезентација на Македонија нема да игра во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига откако загуби денеска од Финска со 3:1 по сетови 25:22, 20:25, 25:18, 25:16.
Најдобар поентер на средбата беше нашиот капитен Никола Ѓорѓиев со 23 додека кај Финците се истакна Аро Никула со 17. Утре Македонија ќе игра за бронзениот медал со поразениот од второто полуфинале во кое се среќаваат Романија и Унгарија.
Завршницата на Сребрената Европска Лига се игра во Будимпешта – Унгарија.