Македонската одбојкарска репрезентација утрово отпатува за Романија каде утре од 14 часот ќе го одигра и вториот натпревар од новото издание на Европската сребрена лига. По триумфот над БиХ во Скопје, избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ ги чека веројатно и најтешкото гостување против репрезентација која како и ние се надева на првото место во групата.
Во рамките на 2. коло во нашата група утре БиХ на домашен терен ја пречекува Албанија.