Женската одбојкарска репрезентација на Македонија забуги на гостувањето во Рига од Летонија со 3:0 (25-19, 25-17, 31-29) во мечот од 5. коло на Европската Сребрена Лига. Нашите девојки одиграа одличен трет сет, но немаа среќа да дојдат до продолжение на неизвесноста на мечот.
Избраничките на Стефан Пауновиќ слабо го отворија мечот и во првите два сета немаа многу шанси против домашниот тим. Кај нас недостасуваше сигурност во играта на прием, која им ја олесни задачата на домашните одбојкарки кои прилично лесно дојдоа до водство од 2:0 во сетови.
Во третиот сет видовме најдобра одбојка, водевме до крајот на сетот, но Летонија се врати во игра и на крајот по голема борба дојде до потребните 31:29 за конечни 3:0.
Тамара Стојанова заврши со 11 поени, додека Стојановска реализираше 9, а Терзиевска 8 поени.