Нашите најдбри одбојкарки денеска од 18.00 часот во Порто, ќе излезат на мегдан со селекцијата на Унгарија во првиот натпревар во новото издание на Европската лига 2026.
Македонија на турнирот на Пиринеите ќе одигра меч и со домаќинот Португалија.Тој е предвиден за утре во 17.30.
Иако противниците на хартија се фаворити, нашите девојки се надеваат дека можат да направат изненадување под диригнетската палка на новиот селектор, Милош Гавриловиќ.

