Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Одбојкарките утре почнуваат со подготовки за Европската лига
    Домашен микс

    Одбојкарките утре почнуваат со подготовки за Европската лига

    sasoBy saso12/05/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Утре, во Скопје, женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ќе го има првиот собир со новиот селектор Милош Гавриловиќ во пресрет на настапот во Европската лига 2026, која од оваа година ја превзема улогата и на квалификациски циклус за следниот континентален собир во 2028 година.

    Прозивката е закажана на пладне во хотелот „Континентал“ во Скопје, а на истата ќе се појават сите одбојкарки кои се најдоа на поширокиот список.

    Селекторот Гавриловиќ испрати дополнителна покана до примачот на Наковски Волеј, Ивана Милева, која одигра одлично во финалната серија од првенството, да и се приклучи на репрезентацијата во подготовките. Покрај собирот и работниот состанок, репрезентацијата утре нема да го одработи првиот тренинг, туку предвидени се мерења и физички проверки на одбојкарките. Со тренажен процес ќе се стартува в четврток, во СЦ „Форца“ во Скопје.

    Според програмата репрезентацијата комплетните подготовки ќе ги одработи во СЦ „Форца“ во Скопје, а во пресрет на првиот турнир ќе одигра пријателски двомеч со селекцијата на Косово, на 29 и 30 мај.

    Учеството во Европската лига 2026 за македонските одбојкарки започнува викендот 5-7 јуни со турнир во Порто, Португалија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.