Одбојкарската федерација на Македонија изрази благодарност до Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, кои за првпат одвојуваат сретства во насока на подобрување на врвниот спорт и што подобро претставување на македонската одбојка во меѓународни рамки.
Во информацијата објавена од страна на Одбојкарската федерација на Македонија се вели:
Одбојкарската федерација на Македонија изразува благодарност до Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, кои за првпат одвојуваат сретства во насока на подобрување на врвниот спорт и што подобро претставување на македонската одбојка во меѓународни рамки.
Во заедничка соработка на Министерството за спорт и ОФМ обезбедена е финансиска поддршка за клубовите кои ја претставуваат македонската одбојка во рамките на европските клупски купови, шампионот во машка конкуренција Струмица, односно женскиот првак Работнички, кои се натпреваруваат во квалификациите во ЦЕВ Лигата на шампионите.
За Федерацијата претставува чест, но и обврска тоа што одбојката е во фокусот на новото Министерството и подготвени сме и во иднина да ја продолжиме заедничката соработка и да ја однесеме одбојката на уште едно скалило повисоко.

